Анализата се осврнува на одлуките кои Државната комисија за спречување на корупцијата (понатаму во текстот ДКСК) ги донела по постапувањето по предметите кои се однесуваат на контролата на интереси и имот на носителите на јавни функции во првата половина од 2020 година.
Контролата на интереси и имот е круцијален дел во борбата со корупцијата и во работењето на Комисијата. Токму затоа неопходно е ДКСК да има подобри резултати во оваа област.
Она што јасно се забележува од обработката на овој извештај на ДКСК (во делот контрола на интереси и имот), како и од останатата литература, е дека околу две третини од нејзината работа на ова поле се однесува на ненавремено поднесување на анкетниот лист. Се увидува дека времетраењето за решавање предмети за контрола на имот и интереси, ДКСК работи премногу долго. Времетраењето делува мошне негативно на јавниот имиџ на ДКСК, и ова мора во најкус можен рок да се поправи.
Неопходно е зголемување на капацитетот на ДКСК во период во кој не се знае кога ќе се комплетира интероперабилноста со базите на Централниот регистар, Централниот депозитар на хартии од вредност, Царината, Управата за матична евиденција, УЈП итн. Ова значи дека во меѓувреме е потребно проактивно ангажирање и зголемување на вработени во ДКСК, чија задача ќе биде контрола и проверка на пријавениот имот.
Прочитајте ја целата анализа тука.