Мoниторирањето на активностите на Државната комисија за заштита од корупција е направено врз основа на методологија, изработена на дводневна работилница на Платформата за борба против корупцијата. Предмет на анализа се одлуките донесени од Државната комисија за спречување на корупцијата во период од март 2019 до септември 2019 година, и одговори на барања за пристап до информации од јавен карактер испратени до ДКСК. Вкупниот број донесени и анализирани одлуки на ДКСК изнесува N=273, донесени на 22 седници. За добивање на длабински информации во септември 2019 беа испратени барања за пристап до информации од јавен карактер и институцијата одговори во законски предвидениот рок, чиишто одговори се дел од анализата.
Извештајот во целост е достапен тука.