Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Теофил Блажевски, како дел од активноста „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција” поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.
Судот e главен фактор за бавноста во постапките по предметите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО)
Повеќе фактори влијаат за бавноста за најголемиот дел од предметите во Судот поднесени по обвиненија од СЈО. Сепак, ако се гледа дури и математички, одговорноста за брзината на постапките сепак е најголема кај Судот и тоа по две главни основи – самите судии и во однос на судскиот менаџмент. Ова несомнено произлезе од истражувањето на факторите за ефикасноста, што го направивме со нашите соговорници и сознанијата со кои располагаат.
Пишува Теофил Блажевски
Од четири подоминантни фактори кои можат да влијаат за брзината, т.е. бавноста на постапаките за најголем дел предмети што се судат врз основа на обвиненијата поднесени од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), факторот Суд е најмногу значаен, по што следува факторот одбрана, факторот обвинителство и факторот политика, кои се исто така дел од причините за бавноста на овие постапки.
Целата истражувачка сторија може да ја преземете тука.