Денес, постои широк консензус за негативното економско, социјално и политичко влијание на корупцијата. Ниту една земја не е имуна на корупција, а борбата против корупција е сложена и долгорочна. Корупцијата е закана за вредностите на Европската Унија (ЕУ) како што се демократијата, владеење на правото, почитување на човековите права и економскиот развој.
Таа се поврзува со повисоки нивоа на организиран криминал, послабо владеење на правото, намалена доверба во јавните институции, и намален одзив на гласачи на парламентарни избори. Корупцијата ја поткопува стабилноста на институциите и економскиот раст.
Корупцијата е токму еден од главните предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан, а справувањето со корупцијата е предуслов за нивен понатамошен напредок, демократизација и полноправно членство во ЕУ. Како главен фактор и поттикнувач на реформите и напорите во борбата против корупција е политиката на условеност на ЕУ. Логиката е јасна, земјите од Западен Балкан сакаат да станат полноправни членки на ЕУ и за таа цел неопходно е да исполнат одредени критериуми и услови.
Истражувањето во целост е достапно тука.