Платформата на граѓански организации за борба против корупција во периодот од меѓу мај и декември 2020 ќе го имплементира проектот „Набљудување на успешноста на работата на ДКСК“, финансиран од Фондација Отворено општество Македонија преку грантовата шема за поддршка на неформални мрежи.
Главната цел е намалување на корупцијата преку подобрен интегритет на институциите, со активно вклучување на сите засегнати страни во борбата против корупцијата и со подобрување на фокусот на работење и правење приоретизација на случаите кои ги работи ДКСК и вклучување и партнерско работење на повеќе засегнати страни.
Главен фокус е ставен на Државната комисија за спречување на корупцијата, проектните активности имаат за цел да го подобрат работењето на институцијата но и да ја поттикнат институцијата да направи позитивни промени во динамиката на работа. Преку мониторинг работата ќе се направи скенирање на областите на кои што работи институцијата и Платформата да даде препораки и насоки за подобро делување.
Менувањето на перцепцијата за (не)работењето на институциите е долготраен процес. Истиот може се поттикне преку директно вклучување на општата јавност преку соодветна едукација и редовно комуницирање со различни комуникациски алатки и различни наративи.
Креираната методологија која креира мапа на ранливи области ќе и помогне на ДКСК да ги скенира областите на кои работи и врз основа на добиените податоци да го насочи фокусот за идно работење. Дополнително останатите проектни продукти ќе бидат основа за застапување и креирање на политики, но и добра практики и пример за заедничко работење на институција и граѓанско општество.
Одобрени средства: 44965$
Носител на проектот: ИДСЦС
Имплементатор: Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата
Целни групи: ДКСК, Собрание, Влада и општини, медиуми, невладини организации, општа јавност