О2 Иницијатива на 2 септември достави до пратениците во Собранието Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Овој предлог е во насока на зголемување на транспарентноста на постапката на донесување на урбанистички планови и одобрување на урбанистички проекти, а со цел зголемено и навремено учество на јавноста, Советот на општината. Ова ќе допринесе и до намалување на ризиците од корупција во процесот на урбанистичко планирање.
Платформата на граѓански организации за борба против корупција дава поддршка на овој Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање и се надеваме дека властите ќе ги имаат во предвид барањата за транспаретност и консултативност кои се предуслов за надминување на ризиците од корупција.
Повеќе за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање: линк до 02 објавата.
https://www.facebook.com/photo/?fbid=839924354944881&set=a.573402088263777