Реакција за отсуство на консултативен процес за измена на системскиот Закон за организација на работата на органите на државна управа

До: г. Африм Гаши,

Претседател на Собрание на Република Северна Македонија

 

Предмет: Реакција за отсуство на консултативен процес за измена на системскиот Закон за организација на работата на органите на државна управа

 

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира до Собранието на Република Северна Македонија за затворениот и неконсултативен процес со засегнатите страни по Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за организација на работата на органите на државна управа.

Исто така, формирањето на три нови министерства и реорганизацијата на системот на државната управа без претходна длабинска анализа за оправданоста на предлогот е неприфатливо за Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Укажуваме дека ова влијае негативно врз соработката и довербата на граѓанското општество со креаторите на јавните политики.

Со оваа реакција Платформата останува доследна и на претходното укажување од 2022 година дека реорганизацијата на државната управа е исклучително важен процес, кој мора да почива врз принципите на транспарентност, вклученост и претходна подготовка на граѓаните за системските промени што се иницираат.

 

Со почит,

Платформа на граѓански

организации за борба против корупцијата

 

Реакција за отсуство на консултативен процес за измена на системскиот Закон за организација на работата на органите на државна управа

Reagim ndaj mungesës së procesit konsultativ për ndryshimin e Ligjit sistematik për organizimin dhe punën e organeve të administratës shtetërore