Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во рамки на Отворен форум за антикорупција ќе се одржи на 6 и 7 декември во хотелот Холидеј Ин – Скопје ќе има панел: Како да се постигне подобра соработка во борбата против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот? на 6 декември со почеток од 14 часот во салата: Скала 1 .
Целта на овој Форум е да се прикаже состојбата со корупцијата во земјата, антикорупциските предизвици со кои се соочуваме и заеднички да дискутираме за мерките и политиките кои се преземаат во ова поле.
Гости на панелот Како да се постигне подобра соработка во борбата против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот? се:
Д-р Азир Алиу, Министер за информатичко општество и администрација,
Соња Мираковска, пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија,
Никица Кусиникова, извршна директорка на здружението Конект,
Димитар Николовски, извршен директор на ЕВРОТИНК – Центар за Европски Стратегии
Данче Даниловска Бајдевска, програмска директорка на Метаморфозис
Модератор:
Миша Поповиќ, Раководител на центарот за добро управување и постар истражувач во Институт за демократија.
Агенда за Отворен форум за антикорупција
Линк за потврда на вашето присуство