Имајќи ја предвид куповната моќ на парите што секоја година се трошат преку јавните набавки за државните институции да купуваат производи, услуги и градежни работи за нивните и за пошироките општествени потреби, станува јасно дека со набавката на производи кои имаат намалено негативно влијание врз животната средина може значително да се придонесе кон одржливоста на средината во која живееме и работиме.
Само во Северна Македонија, преку јавни набавки, годишно се трошат околу една милијарда евра, пари кои ако се применува концептот на „зелени“ набавки, можат да станат инструмент за водење „зелена“ политика и за унапредување на квалитетот на животната средина.
Овој документ е изработен во рамките на проектот „Приспособување кон климатските промени преку спречување на корупцијата во јавните набавки“, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.
Документ со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот