Главните забелешки во поглед на антикорупциската проверка на Законот за енергетика и поврзаните подзаконски акти се токму во поглед на широките овластувања на извршната власт и Регулаторната комисија, кои преку подзаконски акти се надлежни подетално да ги регулираат постапките за овластување за изградба на енергетски централи, стекнување статус на повластен производител од обновливи извори на енергија, како и мерките за поддршка кои им следуваат на овие производители, нивното времетраење, вид и висина.
Дополнителен ризик кој се надоврзува на ова е токму дисперзираноста на повеќе поврзани одредби низ поврзани прописи, вклучувајќи 3 закони и десетици подзаконски акти, од кои една уредба на Владата и повеќе правилници на надлежните министерства и Регулаторната комисија.
Во овој контекст, потребно е да се направат напори со цел да се овозможи соодветна кодификација на сите прописи кои се однесуваат на енергетиката во еден акт, или соодветно раздвојување и групирање на посебните одредби во неколку различни закони.
Прочитајте ја целата анализа тука.