Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Давид Илиевски, како дел од активноста „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција” поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.
Додека институциите се караат кој да го води орото, квалитетот на нафта се контролира од оние кои ја продаваат
Кој го контролира квалитетот на нафта: институционална тепачка за моќ врз алатката за контрола на грбот на граѓаните
Се паркирате на бензинска пумпа да го наполните резервоарот на вашиот автомобил со гориво. Од звучникот на малиот екран вграден во апаратот за полнење гориво се слуша новата реклама, “Горива со највисок квалитет. Целосно задоволен Европскиот и Македонскиот стандард”. Со овие зборови продавачот ви го гаранира најдоброто за вашиот автомобил и околината.
Вашите автомобили не се единствените кои користат горива како извор на енергија. Голем број од домаќинствата се греат на масло, а индустријата е еден од најголемите потрошувачи на нафта. Но, без разлика за што се употребува, квалитетот на горивата во нашата држава е контролиран од самите продавачи.
Или во превод, дел од оние кои продаваат, се истите кои го проверуваат квалитетот. Па, така, се што граѓаните имаат се нивните гаранции.
Пишува: Давид Илиевски – Истражувачка репортерска лабораторија
Истражувачката сотрија во целост можете да ја погледнете тука.