Како што дигиталната технологија во светот се развива и станува нераскинлив дел од животот и работењето, така големите бази на податоци со коишто располагаат земјите (особено јавната администрација) стануваат клучно јавно добро за зајакнување на антикорупциските напори. Од една страна станува збор за проактивно објавување во отворен формат на навремени, точни и квалитетни податоци, а од друга страна тоа значи користење, обработка и анализа на тие податоци во насока на зголемување на интегритетот и отчетноста на јавниот сектор.
Анализата на обемните бази на податоци може да овозможи да се дојде до такви информации до којшто човекот без примена на оваа алатка едноставно не може никогаш да дојде.
Овој документ за јавни политики го претставува концептот на користење на обемните бази на податоци во антикорупцијата, начинот на негова примена, добрите страни и предизвиците, со посебен осврт на состојбата во Република Северна Македонија, почетните чекори, примената, како и препораки за забрзување на користењето на оваа алатка во борбата против корупцијата.
Документот во целост можете да го погледнете тука.