Структурираното следење на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) дава слика за напредокот во работењето на новиот состав на Комисијата, која работи во рамките на нејзините надлежности, поврзани со процесите на креирање политики, следење и надзор, како и соработка со други државни органи заради спречување на корупцијата. Овој извештај е збирен извештај од целокупното набљудување на одлуките донесени од ДКСК во 2020 година.
Во текот на 2020 година, Државната комисија за спречување корупција одлучила по 457 предмети. Од нив, идентификувани се 25 случаи по кои постапката продолжила и 19 случаи по кои е одлучено со прекршочна казна. Од сите донесени одлуки, ДКСК најмногу работела на предмети поврзани со вработување (вкупно 176), а истовремено работено е и на случаи поврзани со јавните финансии (65 одлуки) и корупција при извршување на главната дејност на институцијата (86 одлуки).
Во просек, потребно било 10 месеци за да се затвори предмет и да се донесе одлука.
Целата анализа може да ја прочитате тука.