Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) презема значајни иницијативи кои се однесуваат на доброто владеење и антикорупциските напори на локално и национално ниво. АДИ ја следи транспарентноста на работата на институциите со мандат за борба против корупција и организиран криминал. Исто така, организацијата обезбедува податоци за перцепцијата на граѓаните за корупцијата на локално ниво, ги вклучува претставниците на институциите и граѓанските организации во обуки од областа на антикорупциското законодавство и спроведува информативни кампањи за поттикнување на граѓаните да пријавуваат корупција.
Веб страница: adimacedonia.org
Една од програмските ориентации на Институтот за демократија “Социетас Цивилс” – Скопје (ИДСЦС) во областа на доброто владеење е и антикорупција. Значаен дел од портфолиото на ИДСЦС е посветен на активности фокусирани на борбата против корупцијата.
Од април 2017 г. ИДСЦС го администрира Секретаријатот и работата на Платформата на граѓанските организации за борба против корупцијата, основана во 2014 година како дел од програмата на УСАИД за борба против корупцијата, која има за цел проактивни, динамични и оспособени ГО со стратешка улога во антикорупцијата.
Институтот исто така е член на коалиција на граѓански организации за добро владеење и антикорупциски лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (SELDI), првично формирана во 2012 година од 17 организации, денес брои 30 членови од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска , Косово, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Црна Гора. СЕЛДИ има за цел да ги спроведе активностите за изградба на коалиција за развој и промовирање на регионална стратегија и агенда на НВО; следење на доброто владеење (вклучувајќи обука, подготовка на компаративни студии, регионални и локални извештаи за спречување на корупција); и да се шири свеста (вклучително и форуми за регионална политика на теми за добро владеење и борбата против корупцијата и презентација во медиумите).
Веб страница: idscs.org.mk
Целта на Институтот за човекови права (ИЧП) е унапредување и заштита на човековите права преку едукација на професионалната јавност, анализа на состојбите и организирање на дискусии.
Една од главните области на делување на ИЧП е борбата против корупцијата. Во таа насока, ИЧП спроведува проекти чија цел е насочена кон следење на имплементацијата на Владиниот план за борба против корупција „Акција 21” и Националната стратегија за спречување на корупција. ИЧП дејствува и на полето на детектирање на коруптивни практики кај државни органи, презема дејствија за подигање на свеста за препознавање на корупцијата и запознавање на граѓаните со механизмите за нејзино пријавување
Мисија на Коалицијата е следење на почитувањето на човековите права и слободи, особено на меѓународните стандарди за правично судење, преку разни форми на дејствување во настојувањето да се зголеми нивото на имплементирање, да се иницираат институционални и правни реформи, како и да се поврати довербата на граѓаните во судството и другите институции на системот.
Главни области на делување се владеење на право, правосудство и заштита на човекови права.
Коалицијата беше имплементирачки партнер на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во следење на судскиот перформанс при справување со случаи поврзани со организиран криминал и корупција до 2019 година. Во 2019 Коалицијата започна со имплементација на проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите надлежни за борба против организиран криминал и корупција“ преку кој до септември 2021 година се вршеше мониторинг над работењето на ДКСК, СЈО, ОЈО ГОКК и ОКС Скопје. Во периодот 2019- 2020 година, Коалицијата спроведе истражување над ефикасноста на примената на мерката конфискација на имот во постапките поврзани со организиран криминал и корупција. Од 2022 година Коалицијата продолжува над мониторинг на постапките кои се водат пред специјализираното одделение за гонење организиран криминал и корупција во рамки на ОКС Скопје со финансиска поддршка на ЕУ. Покрај ова Коалицијата има изработено и 7 АПЛ извештаи од кои 5 во рамки на активностите на Платформата.
Веб страница: all4fairtrials.org.mk
Конект е непрофитна организација со мисија да поттикнува и промовира приватно донирање и општествена одговорност насочено кон одржлив и долгорочен развој на Северна Македонија и регионот.
Конект го искоренува ставот дека корупцијата стана неодминлив и прифатлив трошок за водење бизнис. Креираме заедница на компании коишто преку заедничко делување ќе ги препознаат ризиците и ќе градат култура на бизнис без корупција.
Веб страница: konekt.org.mk
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) повеќе од 20 години придонесува кон развојот на демократијата и добро владеење во Македонија.
Од 2013 г. преку Програмата на УСАИД за антикорупција, МЦМС започна со активен придонес во борбата против корупцијата. Заклучно со 2016 г. во рамките на програмата се подготвени повеќе од 20 истражувања и анализи со кои се придонесе кон јакнење на свеста на јавноста за состојбата и динамиката на корупција во Македонија.
Во рамките на оваа програма МЦМС го иницираше воспоставувањето на Платформата на граѓански организации за борба против корупција, со цел преку заедничко делување на граѓанските организации да се придонесе кон подобрување на демократијата и антикорупциските напори во Македонија.
Од септември 2016 г. МЦМС го спроведува проектот за следење на спроведувањето на законските обврски, транспарентноста и отчетноста во борбата против корупцијата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Со проектот се цели да се придонесе кон зголемување на транспарентноста, отчетноста и подигање на јавната свест за ефектите од работата на ДКСК. Проектот е поддржан од Британската амбасада.
МЦМС е членка и на регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ.
Веб страница: mcms.org.mk
Мисијата на Мост е свесните и активни граѓани водат кон одговорна власт,што е пак основа за одржливо и демократско градење на општеството во Македонија, регионот и светот.
Веб страница: most.org.mk
Во изминатиот период Метаморфозис ги продолжува активностите за едукација на јавноста во врска со оваа област преку постоечките проекти Вистиномер (vistinomer.mk) чиј фокус е транспарентноста, отчетноста и политичката одговорност на носителите на јавни функции и политичарите. Комплементарно, Сервисот за проверка на факти од медиумите (proverkanafakti.mk) ги поттикнува граѓаните да бараат повисоко ниво на квалитет од медиумското покривање на општествените процеси преку зголемување на медиумската писменост. Како прашања од јавен интерес овие теми се вградени (mainstreamed)во секојдневната работа на медиумските проекти: новинската агенција Meta.mk и порталот за вести на албански јазикPortalb.mk.
Сите овие активности се во синергија со други проекти преку кои се промовираат и принципите на отворени податоци (open data) и Партнерството на отворени влади (OGP).
Веб страница: metamorphosis.org.mk
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД како дел од NGO секторот е дизајниран да обезбеди истражувања и анализа во политичката сфера како и креирањето на политики. Институтот се стреми да одржува добри односи со креаторите на политики со идеолошки предзнак обезбедувајќи политички дијалог помеѓу сите активни политички субјекти во Република Северна Македонија. Покрај својот придонес во политичката сфера,Институт Охрид својот придонес го дава и во останатите значајни општествени сфери, градејќи ги капацитетите на општествените субјекти, а при тоа влијаејќи на целокупната општествена и социјална инклузија на поединците во земјата.
Веб страница: oi.org.mk
Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) е формирана во декември 2006 година. Како акредитирана членка на коалицијата на невладини организации Transparency International,ТИ-М е национално регистрирана и самооддржлива организација. Од своето основање до денес ТИ-М има видливо влијание во креирањето на антикорупциските политики и развојот на доброто управување засновано на транспарентност, отчетност и одговорност. Организацијата претставува референтна точка за активисти во борбата против корупцијата, за медиуми, меѓународни организации и институции активни во секторот владеење на правото и човекови права. Активностите во насока на подобрување на доброто управување и отчетност се предмет на поголем број проектни активности. Напредокот во заложбите за зајакната и ефикасна борба против корупцијата е видлив преку зголемување на барањата за одговорност, отчетност и транспарентност, како и преку активното учество и во креирање на политиките и законодавните акти, а посебно во подигањето на свеста кај граѓаните.
Веб страница: transparency.mk
Транспарентност Македонија (ТМ) е непрофитна, невладина организација која промовира транспарентност и јавност и се бори за искоренување на корупцијата во општеството. Нејзина задача е да создаде промени кон заедница без корупција и постојано да ја предизвикува толеранцијата за корупцијата. Од своето основање во ноември 2001 година и преку конкретни проекти, ТМ осмислува и имплементира активности кои ја третираат корупцијата и другите феномени кои ја поткопуваат демократијата. Поконкретно, ТМ работи на зајакнување на добро владеење на национално и локално ниво, подобрување на стандарди и анти-корупциски практики во државниот сектор, промоција на анти-корупциски стандарди меѓу политичките партии, деловниот и граѓанскиот сектор, подигање на јавната свест за анти-корупција и градење партнерства и анти-корупциски мрежи.
Веб страница: transparentnost-mk.org.mk
Фондацијата Отворено општество – Македонија ја гледа антикорупцијата низ призмата на доброто управување и владеење на правото, но и како фактор кој влијае на пристапот на граѓаните до и на квалитетот на јавните услуги и добра.
ФООМ коонтинуирано неколку години ја поддржува Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во спроведување на мониторинг на реформските процеси поврзани со антикорупцијата и европската интеграција. Во оваа насока е и поддршката на Блупринт групата за реформи во правосудството за мониторинг на судски случаи поврзани со организиран криминал и корупција. Дополнително, Фондацијата спроведе истражување кое имаше за цел да лоцира комуникациски стратегии за антикорупција кои ќе поттикнат оптимизам, конструктивност и мобилизација кај граѓаните.
ФООМ во својата работа применува интерсекторски пристап со поддршка на специфични антикорупциски активности во областите здравство и високо образование, а со цел намалување на корупцијата во образовните и здравствените институции на локално ниво преку следење на процесот на јавни набавки. ФООМ исто така применува иновативни методи за менување на антикорупциските наративи и примена на уметноста и културата за охрабрување на граѓански акции во борбата против корупцијата.
Веб страница: www.fosm.mk
Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација е основан во 1997 година како невладина организација која ќе биде посветена на истражување на стратегиските аспекти и решенија на актуелни локални, национални и регионални прашања.
Денес организацијата активно работи на вклучување на граѓаните во процесите на партиципативната демократија едуцирајќи стотици граѓани и граѓански активисти како нивните потреби и идеи да ги остварат во рамките на општествените текови и да влијаат на носителите на одлуките.
Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација е формиран со намера да иницира, подржува и овозможува дебати на релевантните засегнати страни во креирањето на кохерентни и практични јавни политики во подобрувањето и забрзувањето на демократските процеси во Република Македонија..
Веб страница: forum-csrd.org.mk
Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Во своето седумнаесетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности:
1. Мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција и
2. Унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорностаа и отчетноста на државните институции.
Визијата е ЦГК да биде докажан општествен чинител во демократизација на македонското општество, подобро информирање на граѓаните и транспарентно и одговорно владеење.
Веб страница: ccc.org.mk
Основана во 2004 година во рамките на Македонскиот закон дефинирано како “Здружението на граѓани”(НВО), ЦИКП се ангажира во анализа на политиките, барајќи да го отвори процесот на креирање политики на граѓаните, да ги подобри законите, да ги процени институционалните капацитети за нивна имплементација, да допринесе кон зголемена отчетност и транспарентност на јавните институции, како и да мониторира и евалуира колку овие политики создаваат една јавна вредност и/или се насочени кон “европеизацијата” на Република Македонија.
Веб страница: crpm.org.mk
ЕВРОТИНК – Центар за Европски Стратегии е невладина, непрофитна, неполитичка, тинк-тенк организација основана во септември 2002 година. ЕВРОТИНК го поддржува пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ и европеизацијата на општеството преку професионална обука и советување, развој на јавни политики засновани на докази, регионална соработка и застапување за промени. ЕВРОТИНК го следи процесот на пристапување и работи на четири програми: Европа за граѓаните, Регионална интеграција, Правда, слобода и безбедност, Пристапување кон ЕУ.
Веб страница: eurothink.mk
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија е здружение на граѓани регистрирано во 1994 година. Комитетот врши мониторинг на состојбата со човековите права, обезбедува правна помош, соработува со други организации и со државните органи во насока на зголемување на промоцијата, почитувањето и заштитата на човековите права и слободи. Цел на Комитетот е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на СРМ, меѓународните инструменти и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото. Комитетот поаѓа од тоа дека сите луѓе треба да имаат можност да ги уживаат и практикуваат нивните основни права и слободи и да имаат можност да ги заштитат во случај на нивно прекршување или ограничување. Ова претставува основа на владеењето на правото, човековите права и демократијата.
Веб страница: mhc.org.mk
СКУП Македонија е невладина и непрофитна организација чија цел е да го унапредува, поддржува и поттикнува истражувачкото новинарство. Нејзина задача е да им дава поддршка на новинарите во секојдневната работа, да им помага финансиски или професионално во промовирањето на истражувачкото новинарство во земјата и регионот, но и на светско ниво.
Целта на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија е понатамошно унапредување и поттикнување на развојот на истражувачкото новинарство во Македонија и пошироко како битна алатка во борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и зајакнување на демократските капацитети и подобрување на професионалните квалитети на новинарството и на демократската атмосфера во земјата воопшто.
Веб страница: scoop.mk