Анализа на одлуките на ДКСК за јавни набавки во втората половина на 2020 година

Предмет на анализата се одлуките кои Државната комисија за спречување на корупцијата ги донела по постапувањето во согласност со своите надлежности по предметите во врска со јавните набавки во втората половина од 2020 година. Јавните набавки се посочени како една од приоритетните хоризонтални области во борбата против корупцијата и судирот на интереси. Според достапните податоци […]

Антикорупциска проценка на легислативата – извештај за Законот за денационализација

Отсуството на процедурални гаранции за спречување судир на интереси при формирањето на органот за денационализација во самата основа носи посебни ризици од корупција и прекршување на правата на граѓаните кои се јавуваат како странки во постапките за  денационализација. Дополнителен проблем се јавува поради тоа што овој орган има големи овластувања за определување на преклузивни рокови […]

Одржана конференцијата „Антикорупциски предизвици во 2021“

Платформата на граѓански организации за борба против корупција денеска ја организираше конференцијата „Антикорупциски предизвици во 2021“ во рамките на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната Комисија за Спречување Корупција (ДКСК)“ финансиран од Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ). На конференцијата се дискутираше за предизвиците и преземените активности во борбата против корупцијата во 2020 година […]

Извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција (јануари-јуни 2020)

Структурираното следење на Државната комисија за спречување на корупцијата дава слика за  напредокот во работењето на новиот состав на комисијата, која работи во рамките на нејзините надлежности поврзани со процесите на креирање политики, следење и надзор, како и соработка со други државни органи заради спречување на корупцијата. Следењето на ДКСК во рамките на проектот се […]

Извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција за 2020 година

Структурираното следење на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) дава слика за напредокот во работењето на новиот состав на Комисијата, која работи во рамките на нејзините надлежности, поврзани со процесите на креирање политики, следење и надзор, како и соработка со други државни органи заради спречување на корупцијата. Овој извештај е збирен извештај од целокупното […]

Анализа на спроведувањето на Стратегијата за финансиски истраги и праксата на конфискување на имот

Потребно е да се направат соодветни измени на ЗКП, со што би се овозможила соодветна примена на конфискацијата. Тука, пред сè, се мисли на дефинирање на предлогот, односно барањето за конфискација од страна на јавниот обвинител, усогласување на одредбите за конфискација со новиот адверсаријален модел на кривична постапка воведен со измените на ЗКП во 2010 […]

Предизвиците на отчетност и внатрешен интегритет на институции со висок ризик од корупција

Република Северна Македонија активно работи на воспоставување политики на интегритет во согласност со укажувањата од меѓународните институции и организации и позитивната пракса. Постојаниот меѓународен надзор врз нивната имплементација само го зголемува притисокот за поскоро и сеопфатно решавање на сите прашања од оваа област, сè со цел – зголемување на демократијата во општеството. Очигледно е дека […]

Презентиран првиот извештај за работата на ДКСК

Платформата на граѓански организации за борба против корупција денеска во Јавна Соба во Скопје, одржа презентација на „Прв извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупција“. Извештајот е дел од проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Предмет на анализа беа […]

Да се стави крај на профитерството во време на животно-загрозувачка криза

Бараме Државата да воспостави регулативна рамка за утврдување на лекувањето поврзано со COVID-19 кое граѓаните го покриваат со лични средства во приватните здравствени установи, по примерот на определениот максимален износ за плаќање на учество со лични средства (партиципација) во јавното здравство во согласност со Ценовникот на здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување. Предлагаме Фондот […]