Извештај од мониторингот и истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција
Институциите на јавниот сектор во Република Северна Македонија се големи потрошувачи на јавни пари. Во 2021 година, овие институции потрошиле преку јавните набавки 11 % од БДП (бруто домашниот производ), или рекордни 78,5 милијарди денари (1,275 милијарди евра). Спротивно на многу земји од светот кои веќе ја препознаа вредноста на т.н. зелени јавни набавки како […]
Документ со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот
Имајќи ја предвид куповната моќ на парите што секоја година се трошат преку јавните набавки за државните институции да купуваат производи, услуги и градежни работи за нивните и за пошироките општествени потреби, станува јасно дека со набавката на производи кои имаат намалено негативно влијание врз животната средина може значително да се придонесе кон одржливоста на […]
Антикорупциски месечник бр.2
Ви го преставиме вториот број на Антикорупциски месечник кој преставува информатор на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Во информаторот прикажани се активностите на организациите-членки во изминатиот месец. Во вториот број може да ги прочитате публикациите, истражувањата, анализите и извештаите кои што ги објавија членките на тема антикорупција и добро владеење. Исто така […]
Соопштение по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата
На Mеѓународниот ден за борба против корупцијата, ние, граѓанските организации упатуваме порака дека главен приоритет за нашето општество се демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Политичките ветувања, без сериозна заложба, значат само демагогија која не оди во прилог на подобрување на животот и стандардот на граѓаните. Пропуштеното време не може да се надомести […]
Антикорупциски месечник бр.1
Со задоволство сакаме да ви го преставиме првиот број на Антикорупциски месечник кој преставува информатор на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Во информаторот прикажани се активностите на организациите-членки во изминатиот месец. Во првиот број може да ги прочитате публикациите, истражувањата, анализите и извештаите кои што ги објавија членките на тема антикорупција и добро […]
„Анализа на националните документи релевантни во борбата против корупцијата“ – Институт за човекови права
Институт за човекови права објави „Анализа на националните документи релевантни во борбата против корупцијата“. Предмет на анализата е следењето на реализацијата на предложените мерки и преземените активности во борбата против корупцијата, предвидени во Планот за борба против корупција на Владата „Акција 21“, Националната стратегија за превенција на корупцијата и судирот на интереси на Државната комисија […]
Анализа на еднаквоста на испорачаните здравствени услуги во различните ковид-центри
Постојат големи разлики помеѓу 28-те ковид-центри кои беа предмет на оваа анализа, како во однос на бројот на ангажираниот медицински персонал, потрошените лекови за третман на хоспитализираните пациенти, дадената кислородна поддршка, потрошените маски така и во однос на бројот на просечни денови на хоспитализација и стапката на смртност на пациенти; Само пет ковид-центри овозможиле високо […]
Мапирање ризици од корупција во животната средина
Секоја зима, со почетокот на грејната сезона, голем дел од градовите во Република Северна Македонија (понатаму во текстот РСМ) стануваат опасно место за живеење каде што граѓаните буквално се борат за здив поради висока загаденост на воздухот. Особено критични во тој поглед се Скопје, Тетово, Куманово и Битола кои што неретко се на листата на […]
Презентирани анализи за ризични области од корупција во животна средина и здравство
Платформата на граѓански организации за борба против корупција денеска одржа настан на кој се презентираа анализи за ризични области од корупција во животна средина и здравство во рамките на проектот „Набљудување во ризични области од корупција: здравство и животна средина“ финансиран од Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ). Воведни обраќања на настанот имаа Данче Даниловска – Бајдeвска, […]