Како да се постигне подобра соработка во борбата  против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот?

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во рамки на Отворен форум за антикорупција  ќе се одржи на 6 и 7 декември во хотелот Холидеј Ин – Скопје ќе има панел:  Како да се постигне подобра соработка во борбата  против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот? на 6 декември со почеток од 14 […]

Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро ја осудува партизацијата при изборот на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

    Почитувани,   Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро ги осудува партизацијата и изигрувањето на процесот на избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Воедно, Платформата целосно ја поддржува Снежана Камиловска Трповска, која како член на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Државната […]

Граѓанските организации остро ја осудуваат пресудата против ИРЛ за клевета и бараат да се утврди одговорност за донесувањето на истата

Граѓанските организации, потписнички на ова барање остро реагираат на пресудата во предметот против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за клевета со која се загрозува слободата на здружување и слободата на изразување. Со ова се повредуваат некои од основните човекови права  загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија. Загрижени сме за тоа како правосудните органи со оваа […]

[Допис на Платформата] Повлекување од работна група за креирање на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка

До: Министерство за правда на Република Северна Македонија Копија: Кабинет на Заменик Претседател на Влада одговорен за политики за добро владеење Предмет: Повлекување од работна група за креирање на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка   Почитувани,   Платформата на граѓански организации за борба против корупција, Ве известува дека се повлекува од работната […]

Пендаровски да го искористи правото на вето, побара Платформата на граѓански организации за борба против корупција

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска побара од Претседателот на државата Стево Пендаровски да го искористи уставно загарантираното право на вето, и да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера, на 6 септември 2023 ги усвои Собранието. Платформата нагласува дека има две причини зошто Претседателот Пендаровски […]

Јовески да поднесе оставка, побара Платформата на граѓански организации за борба против корупција

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска побара оставка од Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, поради постапувањето на јавното обвинителство во врска со пожарот во тетовската модуларна болница каде 14 лица го загубија својот живот. „Од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово“, истрагата на јавното обвинителство за случајот не е целосна и не […]

Барање за стопирање на притисокот кон независните институции во борбата против корупцијата

  До: Димитар Ковачевски, Претседател на Влада на Република Северна Македонија Предмет: Барање за стопирање на притисокот кон независните институции во борбата против корупцијата   Почитуван г-дин Ковачевски Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од претставниците на Владата на Република Северна Македонија да престанат со креирање притисок врз независните институции кои работат […]

Номинација на членови во комисијата за спроведување на избори за членови на Судски совет

Платформата на граѓански организации за борба против корупција и Блупринт групата за реформи во правосудството, Ве известуваaт дека не номинираа предлог член и негов заменик на Комисијата за спроведување на избори за членови на Судскиот совет од редот на судиите, а по основ на распишаниот јавен повик согласно член 14 од Законот за Судски совет […]

Антикорупциски месечник бр.7

Ви го преставиме седмиот број на Антикорупциски месечник кој преставува информатор на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Во информаторот прикажани се активностите на организациите-членки во изминатиот месец. Во овој број може да ги прочитате публикациите, истражувањата, анализите и извештаите кои што ги објавија членките на тема антикорупција и добро владеење. Исто така […]