Граѓанските организации се запознаа со новите антикорупционери

Марко Трошановски од Институтот за демократија „Социетас Цивилис “ – Скопје го поздрави новиот состав на ДКСК со акцент на процесот и моделот кои беа применети при изборот, нотирајќи дека истиот во јавноста беше оценет како особено позитивна пракса. Состанокот се одржа на иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, на 25 февруари, во […]

Очекување за нова борбена Комисија за борба против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупција го поздравува изборот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупција  и очекува од нив решителна, темелна и неселективна борба против корупцијата на сите нивоа на власт.   Имено, со донесувањето на новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси се воведе нов […]

Резултати од мониторинг на скриената економија во Северна Македонија во 2018 година со акцент на корупцијата

Корупцијата претставува општествена појава која негативно се одразува врз благосостојбата на сите граѓани во една држава, воедно, се смета за најтежок облик на загрозување на демократијата и владеење на правото. Заради својот широк спектар на штетни ефекти, може да предизвика и појава на организиран криминал и закани за безбедноста на општествената заедница и државата. За […]

Обука за членките на Платформата на тема „Границата помеѓу корупцијата и неформалните институции“

Миша Поповиќ од Платформата на граѓанските организации за борба против корупција во моментов држи обука за членките на Платформата на тема „Границата помеѓу корупцијата и неформалните институции“

Како до интегритет во Државната комисија за спречување на корупцијата?

Вовед Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е една од клучните институции во македонскиот систем за борба против корупцијата. Таа е замислена како водечка институција за превенција – клучна во создавањето предуслови за останатите институции на политичкиот систем да можат да се спротивстават на притисоците од корупцијата. Оттука, таа е задолжена за набљудување на […]

Граѓанските организации го одбележаа Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

По повод одбележување на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, организираше конференција на 12 декември 2018. Конференцијата насловена „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“ направи простор да се изнесат и дискутираат ставовите на претставници од извршната, законодавната и судската […]

Степенот на отвореност на надлежните институции низ призма на граданските организации

ВОВЕД Во последниот извештаен период, подготвен од МЦМС во 2018 г, корупцијата и натаму е петта на листата на општествени проблеми на граѓаните, а поважни се прашањата од егзистенционална природа како: невработеност, сиромаштија, ниски приходи, но и политичка нестабилност во Република Македонија. Отвореноста и транспарентноста, како принципи на работење и предуслови за добро владеење, придонесуваат […]

Реакција по повод иницијативата за избор на Државна комисија за спречување на корупција

Платформата на граѓански организации за борба против корупција ги потсетува пратениците во Собранието на Република Македонија дека Државната комисија за спречување на корупцијата (во натамошниот текст: Комисијата или ДКСК) е исклучително важна институција во македонскиот систем за борба против корупцијата. Оттука, во интерес на граѓаните е составот на Комисијата да е заснован врз интегритет и […]

Новите градоначалници очекуваат ревизорите да ги проверат јавните набавки на претходниците

Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарката Весна Коловска, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција”. Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.  Пишува: Весна Коловска Ставањето акцент […]