Отсуството на надзор како генератор на корупцијата во државните претпријатија

„Претпријатијата во државна сопственост се особено ранливи на корупцијата со оглед на нивната блискост со властите и политичарите, обемот на средства со кои управуваат и критичноста на услугите кои ги нудат“, се оценува од страна на Организација за економска соработка и развој ОЕЦД чии истражувања покажуваат дека во светски рамки токму вработените во државните претпријатија […]

Анализа на антикорупциските одредби и ризиците од корупција во НОВИОТ ЗАКОН ЗА JАВНИТЕ НАБАВКИ

Јавните набавки се една од сферите што се најподложни на корупција бидејќи во нив циркулираат многу пари и директно учествуваат многу чинители. По долгогодишните критики за широкораспространета корупција во јавните набавки во земјава, дури година и половина по смената на власта, донесен е целосно нов Закон за јавните набавки, со кој требаше да се изврши […]

СТУДИЈА за јавни политики за ефикасноста на антикорупциските институции во прогонот на корупцијата

Организираниот криминал и корупцијата се помеѓу најголемите предизвици со кои се соочуваат модерните општества, а со тоа и казнено-правните системи. Карак­теристично за овој тип криминал е тоа што престапниците најчесто се високо образовани лица, кои често се наоѓа­ат на високи државни функции, а ваквиот криминалитет речиси без исклучок е мотивиран од финансиска корист, која потоа […]

Анализа на работата на ДКСК од 2017 година: ПРЕПОРАКИ ЗА РАБОТАТА НА НОВАТА ДКСК

Анализата на работата на ДКСК од 2017 година: Препораки за работата на новата ДКСК претставува сублимирана анализа на состојбата во која се наоѓала Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) наспроти очекувањата за нејзините идни активности. Оваа анализа има за цел да прикаже колку ДКСК во изминатите години ги исполнувала своите надлежности и влијаела врз превенирање […]

Реакција: Да не дозволиме една заробена држава да се замени со друга!

Со мотото ‘Да не дозволиме една заробена држава да се замени со друга’ Платформата на граѓанските организации за борба против корупцијата (Платформата) го подготви ова укажување во кое се опфатени неколку ситуации, а за кои постои потреба од јавна реакција. Прво и суштински, Платформата укажува на тоа дека концентрацијата на функции во позицијата претседател на Владата […]

Работилница за членките на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

Платфомата на граѓански организации за борба против корупција на 05 јуни 2019 хотел Дувет организираше работилница на тема „„Усогласеност на македонското законодавство со меѓународните препораки за ефикасна борба против корупција“, каде обучувачи беа Снежана Камиловска Трповска и Наташа Иваноска од Македонскиот центар за меѓународна соработка. Целта на настанот беше да сe зголемат знаењата на претставниците […]

Шверц на тутун – државата и легалниот пазар губат милиони евра

Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Теофил Блажевски, како дел од активноста „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција” поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.    Шверц на тутун […]

Реакција по повод усвојување на новиот Предлог-закон за јавното обвинителство од страна на Владата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара транспарентност во процесот на донесување на новиот Закон за јавното обвинителство, затоа што овој закон е од исклучителна важност за борбата против корупцијата, а со неговото донесување треба да се зајакне институционалниот одговор на коруптивните практики. Со оглед на тоа дека граѓанските организации не беа вклучени […]

Поради погрешна перцепција за лични подароци на бирократијата стимулираме корупција

Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Александар Н.Писарев, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција”. Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.    Поради погрешна перцепција […]