Република Северна Македонија активно работи на воспоставување политики на интегритет во согласност со укажувањата од меѓународните институции и организации и позитивната пракса. Постојаниот меѓународен надзор врз нивната имплементација само го зголемува притисокот за поскоро и сеопфатно решавање на сите прашања од оваа област, сè со цел – зголемување на демократијата во општеството.
Очигледно е дека релевантните меѓународни институции и нивните видувања за прогресот на овие прашања и преземените активности во земјава се речиси идентични.
Интегритетот иако најзначајна алатка за намалување на корупцијата претставува воедно и најтешко спроведлив, бидејќи практиката покажа дека зависи исклучиво од човечкиот капацитет на општеството. Надополнето со фактот на постоење слаб надзор и контрола се констатира негова отежната имплементација.
Целата публикација можете да ја прочитате тука.