Ова истражување е подготвено од Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата“, овозможен преку поддршката на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество. Овој бриф ги анализира податоците од истражувањето на јавно мислење со национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници, спроведено во јануари 2019 година. За анализата се користат две методи. Првата метода е мултиваријантна анализа на кореспонденции која обезбедува истовремена анализа на релациите на повеќе квалитативни променливи. Резултатот на анализата е графичко, односно просторно подредување на различни одговори на повеќе променливи според честотата на истоветно одговарање. Поедноставено кажано, доколку сите испитаници на две прашања одговарале исто, тоа значи дека тие два одговори ќе бидат една точка на координатниот систем. Втората метода е хиерархиска кластер анализа, која ни обезбедува групирање на испитаниците според одговорите кои ги дале.
Целото истражување е достапно тука.