Корупцијата во здравството претставува доста голема и широка тема која опфаќа неколку облици на корупција кои може да се појават во овој сектор. Вообичаено кога се зборува за корупција во здравството се мисли на малата, односно ситна корупција или таканаречените “плави коверти” корупција која се случува секојдневно при комуникацијата помеѓу пациентите и вработените во здравствените установи, со цел добивање побрза и поквалитетна услуга.
Според Транспаренси интернешнал ова е и најраспространетиот вид на корупција во здравството од која најмногу страдааат пред се сиромашните граѓани во државите. Сепак, покрај оваа корупција современата литература детектира уште неколку видови на корупција во здравството како што се корупција при набавка и одржување на медицинска опрема, корупција при набавка на потребни лекови и потрошни материјални за јавни здравствени установи, непотизам при вработувањето на соодветен кадар, корупција предизвикана од големите фрамацевтски компании кои сакаат да ги пласираат или тестираат своите лекови.
Целосното истражување за нивото на корупција во здравството во Република Северна Македонија е достапно тука.