Повик за учество на обуки

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување на корупција“, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија, организира две обуки за Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и политичките партии за време на изборен период  и Антикорупциски политики и пракси.

Обуките имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на членовите на граѓанското општество и политичките партии во земјата фокусирајќи се на:

Концепт на Антикорупциски политики и пракси:

  • Фокус на правната регулатива, законот за заштита од корупција и судир на интереси како и други релевантни закони;
  • Запознавање со работа на Државната комисија за спречување на корупцијата преку конкретни примери од практиката во работењето за пријавени случаи при сомневање за корупција;
  • Претставување на содржината од Националната стратегија за борба против корупцијата;
  • Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби.

 

Концепт на Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и политичките партии за време на избори:

  • Фокус на правната регулатива, одредби за финансирање на политичките партии и Изборен законик како и други релевантни закони;
  • Запознавање со работа Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Државна Изборна Комисија преку конкретни примери од практиката во работењето;
  • Претставување на прекршувањата на законите и најчестите коруптивни дејствија во изборниот процес;
  • Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби.

Учеството на обуките е целосно покриено од ИДСЦС. Само селектираните учесници ќе бидат контактирани и дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (програма, превоз, храна и сместување).

Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

За оваа обука ќе се селектираат 15 претставници од граѓанските организации во земјата и подмладоци на политички партии. Обуките ќе се одржат од 10 до 13 февруари 2020 година во Велес.

Сите трошоци за обуката се покриени од организаторот.

Пријава за обуката и рок за пријавување:

Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата на следниов линк:  https://forms.gle/1kUcqC4GfboxZMQn9  најдоцна до 4 февруари (вторник) 2020 година (23:59 ч.).

Селекција на учесници:

Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на ИДСЦС.

Дополнителни информации:

Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на: martina@idscs.org.mk  најдоцна до 31 јануари 2020 година.