Институт за човекови права објави „Анализа на националните документи релевантни во борбата против корупцијата“.
Предмет на анализата е следењето на реализацијата на предложените мерки и преземените активности во борбата против корупцијата, предвидени во Планот за борба против корупција на Владата „Акција 21“, Националната стратегија за превенција на корупцијата и судирот на интереси на Државната комисија за спречување корупција како и Планот за политики за добро владеење. Анализата содржи заклучоци и препораки за поефективна борба против корупцијата и надминување на моменталните состојби.
Анализата е достапна на македонски и англиски јазик.
Post Views:
890