Партнери


Една од програмските ориентации на Институтот за демократија "Социетас Цивилс" - Скопје (ИДСЦС) во областа на доброто владеење е и антикорупција. Значаен дел од портфолиото на ИДСЦС е посветен на активности фокусирани на борбата против корупцијата:
• Од април 2017 г. ИДСЦС го администрира Секретаријатот и работата на Платформата на граѓанските организации за борба против корупцијата, основана во 2014 година како дел од програмата на УСАИД за борба против корупцијата, која има за цел проактивни, динамични и оспособени ГО со стратешка улога во антикорупцијата.
• ИДСЦС предводен од Македонскиот центар за меѓународна соработка ја имплементираше Програмата на УСАИД за борба против корупцијата која ги спроведува активностите за зголемување на свеста и знаењето на граѓанските организации и граѓаните да бараат поголема отчетност на институциите, како и да придонесат за нивниот повисок интегритет.
• Институтот исто така е член на коалиција на граѓански организации за добро владеење и антикорупциски лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (SELDI), првично формирана во 2012 година од 17 организации, денес брои 30 членови од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска , Косово, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Црна Гора. СЕЛДИ има за цел да ги спроведе активностите за изградба на коалиција за развој и промовирање на регионална стратегија и агенда на НВО; следење на доброто владеење (вклучувајќи обука, подготовка на компаративни студии, регионални и локални извештаи за спречување на корупција); и да се шири свеста (вклучително и форуми за регионална политика на теми за добро владеење и борбата против корупцијата и презентација во медиумите).
• ИДСЦС како дел од конзорциумот на универзитети и организации предводени од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) спроведува меѓународен научно-истражувачки проект "ИНФОРМ: затворање на јазот помеѓу формалните и неформалните институции на Балканот", финансиран преку престижната програма на Европската унија за истражувањето и иновациите, Хоризонт 2020. ИНФОРM работи на прашањето на неформалните институции, практики и организации во три главни истражувачки насоки: политички, економски, секојдневен живот и две пресечни прашања за корупција и меѓуетнички односи.

http://idscs.org.mk/

Во моментов Коалицијата активно мониторира судски предмети во Основниот суд Скопје 1 од областа на организираниот криминал и корупција според новиот Закон за кривичната постапка.
Листа на анализи/публикации од областа на корупција кои ги има издадено Коалицијата Сите за правично судење од 2007 година па се 2016 година кои исто така можете да ги најдете на веб страната на Коалиција.

http://all4fairtrials.org.mk

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) повеќе од 20 години придонесува кон развојот на демократијата и добро владеење во Македонија.
Од 2013 г. преку Програмата на УСАИД за антикорупција, МЦМС започна со активен придонес во борбата против корупцијата. Заклучно со 2016 г. во рамките на програмата се подготвени повеќе од 20 истражувања и анализи со кои се придонесе кон јакнење на свеста на јавноста за состојбата и динамиката на корупција во Македонија.
Во рамките на оваа програма МЦМС го иницираше воспоставувањето на Платформата на граѓански организации за борба против корупција, со цел преку заедничко делување на граѓанските организации да се  придонесе кон подобрување на демократијата и антикорупциските напори во Македонија.
Од септември 2016 г. МЦМС го спроведува проектот за следење на спроведувањето на законските обврски, транспарентноста и отчетноста во борбата против корупцијата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Со проектот се цели да се придонесе кон зголемување на транспарентноста, отчетноста и подигање на јавната свест за ефектите од работата на ДКСК. Проектот е поддржан од Британската амбасада.
МЦМС е членка и на регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ.

http://mcms.org.mk/

Во изминатиот период Метаморфозис ги продолжува активностите за едукација на јавноста во врска со оваа област преку постоечките проекти Вистиномер (vistinomer.mk) чиј фокус е транспарентноста, отчетноста и политичката одговорност на носителите на јавни функции и политичарите. Комплементарно, Сервисот за проверка на факти од медиумите (proverkanafakti.mk) ги поттикнува граѓаните да бараат повисоко ниво на квалитет од медиумското покривање на општествените процеси преку зголемување на медиумската писменост. Како прашања од јавен интерес овие теми се вградени (mainstreamed)во секојдневната работа на медиумските проекти: новинската агенција Meta.mk и порталот за вести на албански јазикPortalb.mk.

Дел од борбата против корупција е и промоцијата на добро владеење (good governance), а на тоа поле го спроведуваме активностите од регионалниот проект ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа) поддржан од ЕУ (www.actionsee.org). Проектот опфаќа и систематско мерење на степен на институционална отвореност преку следејќи ги меѓународните стандарди, препораки, како и примери на добри практики, како основ за анализи, препораки, како и вмрежување и соработка меѓу граѓанскиот сектор и државните институции. Последно издание „Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија“  (http://metamorphosis.org.mk/aktivnosti_arhiva/izraboten-seopfaten-plan-za-dobro-vladeenje-za-drzhavnite-institucii-vo-republika-makedonija/). Сите овие активности се во синергија со други проекти преку кои се промовираат и принципите на отворени податоци (open data) и Партнерството на отворени влади (OGP).

http://metamorphosis.org.mk/

Здружението Транспаренси Интернешнл - Македонија (ТИ-М) е формиранo во декември 2006 година. Од своето основање до денес, ТИ-М има видливо влијание во креирањето на антикорупциската политика и развој на доброто управување кое се базира на транспарентност, отчетност и одговорност. Организацијата претставува референтна точка за медиуми и други активисти за борба против корупцијата и отчетност во Република Македонија и пошироко во регионот. Напредокот во борбата против корупцијата е видлив преку зголемување на транспарентноста, донесеното законодавство и нивото на свест кај граѓаните на Македонија. ТИ-М дејствува надвор од политиката, работејќи целосно транспарентно и во согласност со принципите на аполитичност, неселективност и објективност како и непартиски врз основа на безусловно почитување на човековите права.
Главна цел на работата на здружението на граѓани „Транспаренси Интернешнл - Македонија“ е да се воспостави систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата. Како една од клучните улоги на ТИ-М е иницирање за што поголемо вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата, следење на имплементацијата на анти-корупциските закони, стратегии и меѓународни стандарди во РМ, како и застапување и креирање на политики во насока на поголема транспарентност и отчетност во јавните институции.
Како една од своите долгогодишни активности која може да се издвои а е во рамките на работењето на ТИ-М е Центарот за правни совети поврзани со корупција, кој нуди можност жртвите и сведоците на корупција да  пријавуваат случаи и добиваат практични правни совети кој што им овозможуваат да поднесат официјални жалби до релевантните институции. Центрите нудат директна помош во форма на правна поддршка, но во исто време користи информации добиени од граѓаните и нивните поплаки за да ги идентификува слабостите во борбата против корупцијата во самиот систем и да се залага за реформи базирани на конкретни докази од жалбите на граѓаните.

http://www.transparency.mk/

Транспарентност Македонија (ТМ) е непрофитна, невладина организација која промовира транспарентност и јавност и се бори за искоренување на корупцијата во општеството. Нејзина задача е да создаде промени кон заедница без корупција и постојано да ја предизвикува толеранцијата за корупцијата. Од своето основање во ноември 2001 година и преку конкретни проекти, ТМ осмислува и имплементира активности кои ја третираат корупцијата и другите феномени кои ја поткопуваат демократијата. Поконкретно, ТМ работи на зајакнување на добро владеење на национално и локално ниво, подобрување на стандарди и анти-корупциски практики во државниот сектор, промоција на анти-корупциски стандарди меѓу политичките партии, деловниот и граѓанскиот сектор, подигање на јавната свест за анти-корупција и градење партнерства и анти-корупциски мрежи.

www.transparentnost-mk.org.mk

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) спроведувала бројни проекти за унапредување на борбата против корупција во државата. Го поддржуваше процесот на креирање на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ја набљудуваше неговата имплементација и обезбедуваше правна помош за барателите на информации. Исто така, од самите почетоци, континуирано ја поддржуваше работата на здруженијата за мониторинг на судските случаи за корупција и организиран криминал; како и креирањето на месечни извештаи за ситуацијата на полето на борбата против корупцијата и организираниот криминал во Македонија. На локално ниво ФООМ обезбедуваше поддршка за креирање Отворен општински буџет со цел да се зајакне транспарентноста и отченоста на единиците на локалната самоуправа, а во последните изминати години инвестираше средства во одржување на Граѓански форуми на локално ниво, како фомра на учество на граѓаните во утврдување на приоритетите на локлано ниво. Од 2017 година ФООМ стратешки се определи за Концептот „Граѓанска акција за итни реформски приоритети“ кој е дизајниран со цел да ја зајакне улогата на граѓанското општество преку мониторинг базиран на докази и застапување за имплементација на Итните реформски приоритети во областите анти-корупција, судство и медиуми. Преку овој Концепт ФООМ обезбедува поддршка на заеднички акции на здруженија и фондации кои влијаат во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Во моментов ФООМ обезбедува поддршка на Платформата за борба против корупцијата во која членуваат 15 граѓански организации и фондации. Дел од резултатите на овој Концепт се и: анализа и предлози за подобрување на политиката за независните и регулаторни тела; анализа на надзорната улога на Парламентот, како и следење и анализа на програмирањето на ИПА инструментот на ЕУ. Овие анализи треба да овозможат одговор и реакција на граѓанското општество на системските и меѓу-секторските институционални слабости и на влијанието за ефективна имплементација на итните реформски приоритети, каде влегува и делот за борба против корупцијата.

http://soros.org.mk/

Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација е основан во 1997 година како невладина организација која ќе биде посветена на истражување на стратегиските аспекти и решенија на актуелни локални, национални и регионални прашања.
Денес организацијата активно работи на вклучување на граѓаните во процесите на партиципативната демократија едуцирајќи стотици граѓани и граѓански активисти како нивните потреби и идеи да ги остварат во рамките на општествените текови и да влијаат на носителите на одлуките.
Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација е формиран со намера да иницира, подржува и овозможува дебати на релевантните засегнати страни во креирањето на кохерентни и практични јавни политики во подобрувањето и забрзувањето на демократските процеси во Република Македонија.
Во вака рамковно определениот програмски фокус на Форум, стратегиски тематски области со прв приоритет на ангажирање (приоритет на користење и развивање на постојните капацитети) се следниве:

  • Поддршка на граѓанскиот активизам
    (обучувачка поддршка на развивањето и користењето на индивидуалните капацитети);
  • Децентрализација
    (демократизација во процесите поврзани со локалната и месната самоуправа и во политиките за рамномерен регионален развој);
  • Медиуми
    (независност на медиумите и професионализација на медиумските работници).

Покрај овие тематски области во кои Форум се јавува како иницијатор  и носител на проектни потфати, според укажаните можности и дополнително развиени капацитети, ФОРУМ здружено со други партнерски организации ќе учествува во следниве тематски области (тематски области од втор приоритет):

  • Транспарентност и партиципативност во работењето на централната и локалната власт;
  • Односи меѓу заедниците;
  • Човекови права;
  • Нормативна дејност и добри практики на нивна имплементација.
http://forum-csrd.org.mk/

Основана во 2004 година во рамките на Македонскиот закон дефинирано како "Здружението на граѓани"(НВО), ЦИКП се ангажира во анализа на политиките, барајќи да го отвори процесот на креирање политики на граѓаните, да ги подобри законите, да ги процени институционалните капацитети за нивна имплементација, да допринесе кон зголемена отчетност и транспарентност на јавните институции, како и да мониторира и евалуира колку овие политики создаваат една јавна вредност и/или се насочени кон "европеизацијата" на Република Македонија. ЦИКП покрај тековните проекти има и поголемо претходно искуство и проектно портфолио во доменот на доброто владеење и поконкретно во областите на анти-корупцијата и скриената економија. ЦИКП моментално работи на проект Мониторинг на скриената (сива) економија во Македонија, Албанија и Косово (2016-2017) финансиран од Балканскиот Фонд за Демократија (BTD) кој е продолжение на претходен ЕИДХР проект (2014-2015) на иста тематика но фокусиран само на Македонија. Со проектот се произведуваат податоци, и од перспективата на генералната популација но и од перспективата на бизнисите, за факторите на скриената економија, како на пример непријавени работници, скриен приход, даночна евазија, кои понатаму го формираат Индексот на скриена економија (2014-2016 година). Индексот е важен показател за движењата во неформалната економијата и поврзаноста со конкретни јавни политики кои неретко се поврзани со динамиката на корупција и коруптивни пракси во земјата. Исто така во претходниот период ЦИКП има работено на проекти кои носат компоненти на анти-корупција како што се РРПП проектот „Уставните судови како креатори на јавни“(2015-2016), ЛОТОС – Размена на најдобрите практики во ЕУ во областа на мониторинг на анти-корупцијата на локално ниво (2014-2015) и Развој на индикатори за мерење на доброто владеење во земјите кандидати за ЕУ – Индекс на добро владеење во Македонија (2015)

http://www.crpm.org.mk/