Истражување и публикации

Анализа на одлуките на ДКСК за постапки за вработување во втората половина на 2020 година

Објавено на 20.08.2021 11:04:19

• Во втората половина на 2020 година Државната комисија за спречување на корупцијата донела 263 одлуки од кои во 88, или 33%, постапувала по предмети поврзани со вработувањето или постапки поврзани со работни односи.

• Комисијата во 4 случаи, поврзани со вработувањата или работните односи, потврдила дека има повреда на законот.

• Половина од водените постапки се поведени по иницијатива на познат подносител (51%). По иницијатива на непознат/анонимен подносител се поведени 40%, додека, пак, само 2% се поведени по сопствена иницијатива на ДКСК.

• Од започнувањето на анализираните постапки до нивното завршување во просек поминувале 234 дена или 7 месеци и 24 дена.

Целата анализа може да ја прочитате тука.