Истражување и публикации

Постапки на ДКСК за вработувањата во јавниот сектор: Недогледни постапувања со неизвесен исход

Објавено на 31.03.2021 14:02:38

Оваа кратка тематска анализа е придруженa кон периодичните анализи за подобрување на ефикасноста на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Овој Дополнителен извештај се однесува на одлуките, односно работата на ДКСК помеѓу 1 јануари и 30 јуни 2020 година. Целта на оваа анализа е да го разгледа обемот на работа на ДКСК во областа вработувања, содржината на тие предмети, начинот на водење и текот на постапката по предметите и донесените одлуки.

Со оваа анализа навлегуваме подлабоко во темата вработувања, преку анализа на постапувањата на ДКСК. Ова прашање е од посебен интерес имајќи предвид дека вработувањата во јавниот сектор се хоризонтален проблем во сите досегашни Програми за спречување на корупцијата од 2003 година до денес, со многубројни предвидени, но не докрај реализирани активности.

Текстот содржи и препораки за тоа како би можела да се подобри ефикасноста на Државната комисија, воопшто и во рамки на оваа област, но и за тоа како ДКСК може да ги зајакне и својата ефикасност и влијанието во подобрувањето на состојбата и намалувањето на ризикот од корупцијата поврзана со вработувањата.

Целата анализа може да ја прочитате овде.