Истражување и публикации

Улогата на Антикорупциска комисија за време на предвремените парламентарни избори во 2020 година

Објавено на 23.03.2021 12:05:21

Минатата година беше карактеристична најмногу по пандемијата предизвикана од КОВИД-19 која не ја остави имуна ниту Република Северна Македонија. Оваа криза имаше свое влијание на многу општествено-политички случувања што доведе до преиспитување на одредени законски решенија како и нивно привремено ставање вон сила за да се обезбедат услови за редовно функционирање на државата.

Спецификата на овие предвремени парламентарни избори се согледува во многу елементи кои се причинско-последични не само од корона кризата туку и од самиот систем кој беше предмет на дискусија во текот на 2020 година.

Токму можноста за различно толкување на правната поставеност од различни институции и политички конституенти, како и правните недоречености, доведоа до пролонгирање на самиот изборен процес. Во целиот овој процес покрај извршната и законодавната власт, значајна улога одиграа и независните и самостојните тела, како Државната комисија за спречување корупција (во понатамошниот текст: ДКСК), кои се задолжени да спречат незаконито дејствување во политиката и во спроведувањето на изборниот процес.

Целата анализа можете да ја прочитате тука.