Истражување и публикации

Анализа на одлуките на ДКСК за јавни набавки во првата половина на 2020 година

Објавено на 19.03.2021 15:54:49

Анализата се осврнува на одлуките кои Државната комисија за спречување на корупцијата ги донела по постапувањето во согласност со своите надлежности по предметите во врска со јавните набавки во првата половина од 2020 година. Јавните набавки се посочени како една од приоритетните хоризонтални области во борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Според достапните податоци од извештаите на Бирото за јавни набавки и отворените податоци на Електронскиот систем за јавни набавки, во изминатите три години на јавни набавки вкупно се потрошени преку 2,2 милијарди евра што претставува речиси 24 проценти од државниот буџет.

Целата публикација може да ја прочитате тука.