Истражување и публикации

Извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција (јануари-јуни 2020)

Објавено на 14.01.2021 10:13:24

Структурираното следење на Државната комисија за спречување на корупцијата дава слика за  напредокот во работењето на новиот состав на комисијата, која работи во рамките на нејзините надлежности поврзани со процесите на креирање политики, следење и надзор, како и соработка со други државни органи заради спречување на корупцијата.

Следењето на ДКСК во рамките на проектот се одвива поделено, во две временски фази. Првата фаза е од почетокот на годината, јануари 2020, до средината на календарската година, односно до 30 јуни 2020 година. Втората фаза на следењето ќе биде за втората половина на 2020 година.

Предмет на анализа се одлуките донесени од Државната комисија за спречување на корупцијата во период од јануари до 30 јуни 2020 година. Вкупниот број на анализирани одлуки на Државната комисија за спречување на корупцијата е N=196.

Целиот извештај можете да го прочитате тука.