Истражување и публикации

Предизвиците на отчетност и внатрешен интегритет на институции со висок ризик од корупција

Објавено на 28.12.2020 16:21:55

Република Северна Македонија активно работи на воспоставување политики на интегритет во согласност со укажувањата од меѓународните институции и организации и позитивната пракса. Постојаниот меѓународен надзор врз нивната имплементација само го зголемува притисокот за поскоро и сеопфатно решавање на сите прашања од оваа област, сè со цел – зголемување на демократијата во општеството.

Очигледно е дека релевантните меѓународни институции и нивните видувања за прогресот на овие прашања и преземените активности во земјава се речиси идентични.

Интегритетот иако најзначајна алатка за намалување на корупцијата претставува воедно и најтешко спроведлив, бидејќи практиката покажа дека зависи исклучиво од човечкиот капацитет на општеството. Надополнето со фактот на постоење слаб надзор и контрола се констатира негова отежната имплементација.

Целата публикација можете да ја прочитате тука.