Истражување и публикации

КОНФИСКАЦИЈАТА НА ИМОТ ВО СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ ПОВРЗАНИ СО КОРУПЦИЈА

Објавено на 30.12.2019 10:21:39

Конфискацијата на имот како посебна казнено правна мерка наменета за борба со економски мотивираниот криминал и корупцијата се стекнува со голема популарност и реафирмација кон крајот на минатиот век. Повеќе меѓународни тела имаат усвоено документи кои се однесуваат на промовирање на конфискацијата и мотивирање на националните законодавства да се посветат кон нејзино повторно заживување и искористување во борбата со нелегално стекнатиот имот и финансиски мотивираниот криминал. Целта на овој документ е да се даде приказ на законската поставеност на конфискацијата во Република Северна Македонија, нејзината еволуција низ домашното законодавство, како и нејзината примена во пракса од страна на судовите, особено во постапките поврзани со висока корупција, како би се истражил степенот на свесност кај надлежните органи за ефикасноста и ефективноста на оваа мерка во сузбивањето на организираниот криминал и корупцијата како форми на финансиски мотивиран криминал. Воедно на овој начин ќе се посочат слабостите во законската регулатива, како и потешкотиите со кои се среќаваат институциите при практичната примена на оваа мерка, а ќе бидат дадени и препораки за надминување на детектираните проблеми, како во законите, така и во нивната практична примена.

Документот во целост е достапен тука