Соопштенија и новости

КОНКУРС за изработка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото

Објавено на 23.08.2019 13:19:47

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во рамки на проектот: „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција”, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество објавува:

КОНКУРС
за изработка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото

 

Со овој конкурс ги покануваме граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи да изразат интерес за подготовка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото. Со овие стории се цели кон отварање на теми кои ќе водат кон поддршка во борбата против корупцијата и во подобрување на политиките за антикорупција преку анализи на состојбите и укажување на конкретните слабости.

1. ТЕМИ

Предложени теми:

  • Висока корупција
  • Корупција во специфични области: здравство, судство, образование, јавни набавки,  итн.
  • Улогата на граѓанските организации во борбата против корупцијата
  • Случаи на судири на интереси  и
  • Борбата против корупцијата и влезот во ЕУ- исполнување на одредници.

 

Заинтересираните граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи треба да понудат предлози за подготовка на документ врз основа на предложените теми. Доколку кандидатите имаат предлог, различен од предложените теми треба да дадат конкретен наслов и образложение за издржаноста на темата.

2. НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

Заинтересираните граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи треба да достават пријава, биографија и листа на објавени истражувачки стории.

Структурата на сторијата треба да е во следниот формат:

-       наслов на текстот,

-       разработена тема и

-       методологија на подготовка на сторијата.

Сторијата може да е и во видео формат.

3. ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕ

Право на аплицирање имаат граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи. При аплицирањето треба да се достави пријава, биографија и листа на истражувачки стории подготвени од страна на лицето кое аплицира.

4. СЕЛЕКЦИЈА

Селекцијата на темите ќе го врши комисијата составена од програмски персонал на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, а врз основа на актуелноста на темата, искуството и понудената методологија од страна на заинтересираните лица.

Избраните организации и поединци ќе бидат известени најдоцна 3 (три) работни дена по завршувањето на конкурсот. Рок за испорака на истражувачките стории е четири недели од денот на потпишување на договорот но не подоцна од 30 октомври 2019 г.

5. ФОНД НА КОНКУРСОТ

Поединечните надоместоци изнесуваат 500 американски долари (бруто износ).

6. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ        

Пријавувањето се врши со испраќање на пријава (Прилог 1) и работна биографија и листа на истражувачки стории (Прилог 2) на апликантот.

Комплетните пријави треба да се достават до Марија Сунчевска, на msunchevska@transparency.mk најдоцна до 15 септември 2019 г.

Во прилог ги доставуваме Пријавата (прилог 1), Урнек на листа на истражувачки стории (Прилог 2).

Прашања за појаснување на конкурсот може да се постават најдоцна до 10 септември 2019 г. на горенаведената адреса за е-пошта.