Истражување и публикации

СТУДИЈА за јавни политики за ефикасноста на антикорупциските институции во прогонот на корупцијата

Објавено на 07.08.2019 12:18:28

Организираниот криминал и корупцијата се помеѓу најголемите предизвици со кои се соочуваат модерните општества, а со тоа и казнено-правните системи. Карак­теристично за овој тип криминал е тоа што престапниците најчесто се високо образовани лица, кои често се наоѓа­ат на високи државни функции, а ваквиот криминалитет речиси без исклучок е мотивиран од финансиска корист, која потоа неретко повторно се инвестира во спроведу­вање нови криминални активности. Доколку се погледнат и самите законски одредби што се однесуваат на овој тип криминал, ќе ја увидиме разноликоста во која може да се појават организираниот криминал и корупцијата, како и нивната позиционираност во високите слоеви од општеството. Ваквите карактеристики придонесуваат до широка распространетост на организираниот криминал и корупцијата, опфаќајќи ги дури и институциите на прогонот и судовите, дополнително отежнувајќи ја борбата со овој феномен. На овој начин државите се приморани постојано да се приспособуваат на новонастанатите услови, со цел да успеат соодветно да се справат со организираниот криминал и особено со високо профилираната институција.

Потребата од проактивна борба со корупцијата и организираниот криминал е повеќепати констатирана во нашата држава, како од домашни експерти, така и од меѓународната заедница, која најголемите критики ги упатуваше кон неспособноста на обвинителствата и судовите да се справуваат со вакви случаи. Поради тоа, а следејќи ги светските трендови, Македонија во 2007 година го формираше посебното основно јавно обви­нителство надлежно за гонење кривични дела поврзани со организираниот криминал и корупцијата. Ваквото решение беше проследено со формирање и на специја­лизирано одделение во Основниот суд Скопје 1, Скопје, а сè со цел да се овозможи специјализација на институ­циите и на нивниот кадар, токму поради специфичноста на овој тип криминал, како и да се овозможи поголема отпорност на овие институции од надворешните влија­нија и зависноста од другите институции.

Сепак, и покрај ваквите напори, недовербата во судството во Македонија е редовно висока, додека из­вештаите на Европската комисија и на Стејт департмен­тот на САД континуирано нотираат недоволни заложби во борбата со корупцијата, како и влијанија врз судиите и обвинителите што постапуваат во вакви предмети. Ва­квите сомнежи се потврдија со објавување на нелегал­но прислушуваните разговори (т.н. бомби), кои открија големи политички влијанија врз судството и мешање на извршната и судската власт. Сомнежите за висока ко­рупција во највисоките нивоа на власт во Македонија резултираа со формирање на Специјалното јавно обви­нителство кон крајот на 2015 година, кое беше воспоста­вено со надлежност да ги истражува и да ги гони овие кривични дела.

Имајќи ги предвид општествените и политичките околности во Македонија во изминатите 5 години, како и традиционално ниската доверба на граѓаните во суд­ството, особено во случаите поврзани со одговорност на високи функционери, неминовно се наметнува потре­бата од следење и анализирање на ефикасноста и ефек­тивноста на специјализираните институции надлежни за борба со организираниот криминал и корупцијата. Во прилог на ова говори и високиот интерес на јавноста за иницираните судски постапки на овие две обвини­телства (Специјално јавно обвинителство – СЈО и Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и ко­рупција – ЈОГОКК), но и потребата за финално спроведу­вање на реформскиот процес во судството, меѓу кои е и изнаоѓањето на решение за иднината на СЈО, чиј мандат за поднесување обвиненија заврши.

Целосната анализа е достапна тука.