Соопштенија и новости

Работилница за членките на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

Објавено на 05.07.2019 11:02:39

Платфомата на граѓански организации за борба против корупција на 05 јуни 2019 хотел Дувет организираше работилница на тема „„Усогласеност на македонското законодавство со меѓународните препораки за ефикасна борба против корупција“, каде обучувачи беа Снежана Камиловска Трповска и Наташа Иваноска од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Целта на настанот беше да сe зголемат знаењата на претставниците на невладините организации со меѓународните препораки за ефикасна борба против корупција. На оваа работилница беа опфатени следните теми:

  • Меѓународни инструменти кои се од значење за македонското законодавтсво во борбата против корупцијата (УНКАК, ГРЕКО и Извештаи на Европската Комисија за напредок на земјата)
  • Извештајот за усогласеност на македонското законодавство со меѓународните препораки за ефикасна борба против корупција
  • УНКАК и процесот на ревизија на вториот циклус